ХЕКА веќе 20 години на своите купувачи им обезбедува напредни решенија од областа на завршното пакување. Нашето портфолио се состои од материјали за пакување ( пластични и челични ленти, стеч фолија и машини со кои споменатиот материјал се применува во процесот на пакувањето ). Исто така во понудата имаме широка лепеза на сервиси, како што се:
- Сервис на опремата за пакување.
- Дизајн и тестирање на пакувањата.
- Анализа и оптимизација на процесот на пакување.
- Консултантски услуги и обука.
Наша цел е на клиентите да им дадеме подршка при воведување на напредни решенија од областа на завршно пакување, кое ќе им овозможи да ја зголемат својата конкурентност и да им излезат во пресрет на стандардите кои ги наложува глобалниот пазар. Токму затоа ние соработуваме со некои од водечките компании на пазарот од оваа област: ITW, SIGNODE, SJC Strapping, ONUR Plastik и др.
Се гордееме со нашиот тим, кој го претстави и воведе концептот “НАЈМАЛ ТРОШОК ПО ПАЛЕТА СПАКУВАНА СТОКА“ со што на нашите купувачи во целата индустрија им носиме финансиска заштеда.